Во Реал Мадрид се бесни по првиот натпревар во полуфиналето со Манчестер Сити кој заврши 1:1.
„Кралевите“ имаа предност од 1:0, но Де Брујн изедначи во 67-та минута. Сепак, тој гол на Белгиецот е нереагуларен. Сега се појави уште еден јасен доказ, па веќе не би кажале дека е спорен, туку дефинитивно мораше да биде поништен.
Судиите на натпреварот не забележаа дека топката во почетокот на акцијата го напушти теренот и Реал во тој момент требаше да добие аут со што акцијата за голот ќе беше прекината.
