Манчестер Сити со убедливи 3-0 го победи Баерн Минхен во првата четвртфинална пресметка, одбраната на Баварците беше очајна.
Резултатот го отвори Родри со прекрасен гол во 27. минута од натпреварот. Со предност на Сити од 1-0 заврши првото полувреме.
Во вториот дел Упамекано влегуваше од грешка во грешка, како да не беше присутен на натпреварот, а тоа го чинеше Баерн Минхен уште два примени голови.
Дефанзивецот на Баерн направи несфатлива грешка во 70. минута кога Бернардо Силва даде гол за 2-0.
Шест минути подоцна гол даде и Халанд и ги постави конечните 3-0.
Интер со победа од 2-0 над Бенфика се враќа во Милано, на нероазурите можеби не им оди во Серија А, но во Лигата на шампионите дојдоа до голем резултат.
Интер направи крупен чекор кон полуфиналето во Лигата на шампионите откако ја доби првата пресметка со Бенфика и тоа на гостински терен.
Резултатот беше отворен по шест минути игра во второто полувреме кога по фантастичен центаршут на Бастони, Барела погоди со глава за водство на Интер од 1-0.
Конечните 2-0 ги постави Лукаку со гол од пенал во 82. минута од натпреварот.
Бенфика ќе има невозможна мисија во реваншот да ја надополни негативата која ја заработи на свој терен, блиску сме да гледаме италијанско полуфинале во Лигата на шампионите.
Вечерва не очекуваат уште две четвртфинални пресметки на патот до полуфиналето во Лигата на шампионите. По одличните два меча синоќа, денеска нова неизвесност не чека во Мадрид и Милано. На Сантјаго Бернабеу силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Челзи, додека на Сан Сиро Милан го пречекува тимот на Наполи. Почетокот на натпреварите е во 21.00 часот.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]