Њукасл уште еднаш немаше среќа при ждрепката во Лига купот на Англија, бидејќи по Манчестер Сити, сега ќе се судри со Манчестер Јунајтед. „Страчките“ синоќа го елиминираа англискиот шампион, а на 30 октомври ќе му гостуваат на Јунајтед во осминафиналето.
Тоа ќе биде и реприза на минатогодишното финале на ова натпреварување кое им припадна на „црвените ѓаволи“, кои повторно имаа среќа во ждрепката бидејќи дванаесетти пат по ред ќе играат како домаќини!
Во четвртото коло ќе се судрат уште Ливерпул и Борнмут, а ќе се игра и лондонското дерби меѓу Вест Хем и Арсенал. Челзи на домашен терен ќе игра против Блекбурн, додека Евертон на Шон Дајч ќе го пречека својот поранешен тим Барнли на „Гудисон Парк“.
Лига куп на Англија – осминафинале:
Менсфилд – Порт Вејл
Ипсвич – Фулам
Манчестер Јунајтед – Њукасл
Борнмут – Ливерпул
Челзи – Блекбурн
Вест Хем – Арсенал
Евертон – Барнли
Ексетер – Мидлсброу