Манчестер Сити се спаси од пораз на гостувањето кај Евертон, играјќи 3-3, со што тимот повторно загуби чекор во трката за титулата со Арсенал.
Иако ремито носи еден бод, за Сити останува чувството дека пропушти голема шанса за шампионскиот трофеј, но кога е во прашање овој дуел, се спаси и од полошо, затоа пто во еден момент имаше негатива и од 3-1 во второто полувреме.
Жереми Доку го доведе Сити во водство во 43. минута, но Евертон направи целосен пресврт по паузата. Тирно Бери израмни во 68. минута, а пет минути подоцна Џејк О’Браен донесе 2-1 за домашните.
Во 81. минута Бери повторно погоди за 3-1 и изгледаше дека Сити е пред пораз, но Ерлинг Халанд брзо врати надеж со погодок за намалување на разликата.
Во драматичен финиш, Жереми Доку во 97. минута постигна гол за израмнување на 3-3 и го спаси Манчестер Сити од пораз, поставувајќи го конечниот резултат.





