Сити го прегази Лајпциг и се пласираше во четвртфинале од Лигата на шампионите

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section” _builder_version=”3.22″ global_colors_info=”{}”][et_pb_row admin_label=”row” _builder_version=”3.25″ background_size=”initial” background_position=”top_left” background_repeat=”repeat” global_colors_info=”{}”][et_pb_column type=”4_4″ _builder_version=”3.25″ custom_padding=”|||” global_colors_info=”{}” custom_padding__hover=”|||”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Манчестер Сити со 7-0 го победи Лајпциг и се пласираше меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите, пет од шестте погодоци беа дело на Ерлинг Халанд, на мечот меѓу Порто и Интер немаше голови, нероазурите одат понатаму поради победата во Милано од 1-0.

Шоу на Ерлинг Халанд на Етихад, норвешкиот напаѓач постигна дури пет голови, стана вториот кој тоа го направил во нокаут меч од Лигата на шампионите, претходно му успеало само на Меси. Пет гола има дадено и Луис Адриано од Шахтар, но тој во меч од групната фаза.

Халанд гол серијата ја отвори во 22. минута од пенал, а две минути подоцна дофати една одбиена топка од пречка по шут на Де Брујне и реализираше со глава за 2-0.

Во судиското продолжение од првото полувреме Халанд даде уште еден гол, запиша уште еден хет-трик и го реши мечот уште пред паузата.

По четири минути игра во вториот Гундоган даде гол за 4-0. А брзо потоа на сцена повторно стапи Халанд, даде голови во 54. и 57. за водство од 6-0.

Точка на натпреварот стави Де Брујне со прекрасен гол во последните моменти од натпреварот. Конечни 7-0.

Спортивно од натпреварот во Манчестер, на дуелот во Порто немаше ниту еден гол. Интер го сочува водството со кое допатува на овој меч и со вкупни 1-0 се пласира во четвртфиналето.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...