Сите гледаа во „телото“ на Лупита Нјонго на наградите Тони во Њујорк

Date:

Навикнати сме на одлични модни изданија на оскаровката Лупита Нјонго, па не разочара ниту на  театарскиот еквивалент на филмскиот Оскар, наградите Тони, што се одржаа во Њујорк. Меѓу долгите цветни фустани, нејзината облека не можеше да остане незабележана: Лупита носеше црн костум под кој имаше сребрен горен дел што изгледаше како нејзиното тело да е обоено во сребрена боја.

Станува збор за специјално изработен горен дел кој пакистанската дизајнерка Миша Јапанвала го направи според контурите на нејзиното торзо.

„Миша е уметница и дизајнерка која со својата работа сака да го деконструира и отфрли чувството на срам што го имаме за нашите тела, можеме да се чувствуваме слободни во нашите тела“, актерката го коментираше нејзиниот моден избор.

Покрај модната комбинација, вниманието го привлече и со тетоважата на главата од кана, откако неодамна ја избричи косата. 

Адаптацијата на филмот за Мерлин Монро „Некои тоа го сакаат жешко“ имаше најмногу номинации на Тони наградите, 13, а им беа доделени вкупно четири статуетки.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВЛАДЕЕЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР СО ПРОВИНЦИИТЕ ЛИДИЈА И КАРИJА (49)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Љутков: Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети

Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети...

Општина Центар нема да даде пари за црква во Берлин, советниците гласаа против предлогот

Советот на Општина Центар на денешната седница не го...

Чеченците водат голема офанзива: исчистени 10 села

Американскиот CNBC пренесува дека генерал-мајор Апти Алаудинов, командант на...