Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, обезбеди пласман во финалето на АТП Мастерс турнирот во Мадрид, откако во полуфиналната пресметка сигурно го совлада Артур Филс со максимални 2-0 во сетови (6-2, 6-4).
Иако Французинот отвори солидно и го доби својот прв сервис гем за водство, Синер брзо го презеде целосниот контрол. Италијанецот направи два брзи брејка и со серија од пет гема практично го реши првиот сет, стигнувајќи до убедливи 5-1. До крајот, Филс успеа да освои уште само еден гем, пред Синер рутински да го затвори сетот со 6-2.
Во вториот дел од мечот, Филс прикажа многу поголем отпор и успеа да одржи резултатска неизвесност. Се играше израмнето, со сигурни сервиси на двете страни, сè до резултат 4-4.
Во клучниот момент, Синер направи брејк за 5-4, по што без проблеми го доби и следниот сервис гем за конечни 6-4 и пласман во финалето.
Во борбата за трофејот, Синер ќе се соочи со победникот од второто полуфинале меѓу Александар Зверев и Александар Блокс.





