Moжна е политичка кохабитација, но јас на поинаков начин ќе ги практикувам надлежностите на претседателот на државата, од обраќања до вето, до Уставен суд и дипломатија, истакна кандидатот Гордана Силјановска-Давкова на вечерашната дебата.
Низ оџак ќе влезевме во НАТО, и ние му требавме на НАТО. Да се откажете од име за членство во НАТО, тоа е несразмерно – рече кандидатката на опозицијата.