Законот за амнестија покрај тоа што ги раскара СДСМ од внатре, ја разнишува и владина коалиција. Партијата на Морачанин нема да гласа за законот за аменстија. Од ДОМ за Алфа велат дека е точно дека треба да се рекалсираат затворите, но тоа не треба да се први со ваков закон, со кој се практикува неказнивост.
И од ЛДП се воздржани, велат дека во принцип тие не почитуваат неказнивост, но сепак главната одлука за дали нивната партија ќе гласа ЗА во Собранието ќе ја донесат партиски органи.
Лично секогаш се залагам за индивидуална одговорност и да не се стимулира неказнивост, но секој да одговара доколку се огрешил соодветно на она што е пропишано со правните норми. Сепак конечниот став че го усвојат партиските органи по разгледување и дебата за истиот,велат Зајкова од ЛДП.
И довчарашниот коалиционен партнер, кој пред 8 месеци го напушти политичкиот брак со СДСМ, Демократски сојуз, односно партијата на Павле Трајанов нема да го поддржи законот, истиот го критискува и убедува дека ќе поднесат голем број на амандамни и истиот воопшто нема да помине.
Додека ДУИ убедува дека законот за амнестија имал хумана димензија, здружената албанска опозиција, односно БЕСА, Алтернатива и партијата на Меџити велат дека законот служел за политичко профитирање пред избори и политичка пропаганда.
Од албанскиот опозициски блок соопштија дека дека Предлог-законот за амнестија бил направен од политички интереси на одредени кругови во власта. Оти како што велат, се гледа дека и таму веќе не стојат сите зад овој предлог-закон, одредени политичари, пратеници и министри се спротивставуваат на предлог на законот.
ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот, дека не го поддржуваат законот за аменстија. Порпаролот на паријата Стоилковски, рече дека законот предлага неспоредно пред избори, за на слобода да излезат како што вели криминалци. Најави дека законот ќе го блокираат.
Инаку предлог-законот за амнестија пристигна во Собранието и веќе е доставен до пратениците од страна на собранискиот спикер, Талат Џафери. Владата предлага тој да се носи по скратена постапка.