Силен земјотрес во Јапонија: Најмалку 50 повредени, илјадници домови без струја

Date:

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ја потресе јужната јапонска префектура Кумамото, при што се повредени најмалку 50 лица, а предизвикани се прекини во снабдувањето со електрична енергија, оштетувања на патишта и уривање на делови од објекти.

Јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека надлежните сè уште ја проценуваат целосната состојба со жртвите и материјалната штета по силниот потрес.

„Веќе сме информирани дека има повредени лица. Во одредени области има прекини на струја и пожари, а забележани се и оштетувања на патишта, мостови и уривање на објекти“, изјави Такаичи.

Јапонската јавна телевизија NHK објави дека една болница пријавила повеќе од 50 повредени лица. Повредени биле и неколку патници кои во моментот на земјотресот се наоѓале во брз воз.

Земјотресот предизвикал оштетувања на повеќе објекти, меѓу кои и трговски центар „Aeon“, каде според NHK дошло до експлозија. Телевизиските снимки покажаа и пожари и делумно урнати згради во погодените подрачја.

На повеќе главни сообраќајници се појавиле големи пукнатини, вклучително и на надвозник, додека товарен воз излетал од шините. Железничкиот сообраќај бил прекинат, а дел од летовите биле откажани.

Компанијата TSMC, најголемиот светски производител на чипови по договор, привремено ги евакуирала работниците од својот погон во регионот како превентивна мерка. Вработени биле евакуирани и од погоните на компаниите Sony и Fujifilm.

Според јапонската агенција за управување со катастрофи, повеќе од 150.000 жители добиле препорака да се упатат во евакуациски центри.

Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека жителите во најпогодените области треба да бидат внимателни поради можност од дополнителни силни потреси во наредната недела, како и ризик од свлечишта.

По земјотресот, јапонските власти издадоа предупредувања за повеќе префектури на островот Кјушу, меѓу кои Кумамото, Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита и Мијазаки. Првично беше издадено и предупредување за цунами со бранови до еден метар, но подоцна беше повлечено.

Компанијата Kyushu Electric Power соопшти дека околу 40.000 домаќинства останале без електрична енергија. Железничката компанија JR Kyushu ги прекинала линиите, вклучително и брзите возови, додека аеродромот Кумамото привремено ја затворил пистата.

Телекомуникациските оператори KDDI и Docomo пријавиле прекини во мобилните услуги поради проблеми со електричната енергија и преносните линии.

Од јапонската нуклеарна регулаторна агенција информираа дека нема пријавени неправилности во нуклеарните централи во погодениот регион.

Јапонија е една од земјите во светот со најголем ризик од земјотреси, бидејќи се наоѓа на таканаречениот „Огнен прстен“ на Пацификот. Земјата бележи околу 20 отсто од сите земјотреси во светот со јачина од 6 степени или повеќе.

Во 2016 година, регионот Кумамото беше погоден од разорен земјотрес во кој загинаа 275 лица, а беа повредени 2.739 луѓе. Тогаш беа оштетени илјадници објекти, меѓу кои и познатиот замок Кумамото.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната,...

Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се...

THE NEW CHURCH “ST. APOSTOL THOMAS” –PART I (19)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN God's...

Брза фритата со зеленчук

Искористете го зеленчукот што го имате во фрижидер и...