Сидни Свини имала непријатна средба со поранешниот свршеник Џонатан Давино

Date:

Холивудската актерка Сидни Свини и нејзиниот поранешен вереник Џонатан Давино наводно имале драматична средба во саботата навечер, за време на нејзината нова романса со контроверзниот музички менаџер Скутер Браун.

Според фотографиите објавени од „Пејџ сикс“, Свини била видена како седнува на совозачкото седиште во автомобил управуван од Давино во Лос Анџелес. 28-годишната актерка го покрила лицето со раката додека продуцентот притиснал на педалата за гас и возел кон нејзиниот дом.

Извор од местото на настанот за ТМЗ изјавил дека кога актерката излегла од автомобилот, гласно извикала во правец на Давин: „Не ти верувам. Те молам оди си, остави ме на мира!“

Вечрта Свини била на приватна вечера со пријатели во ресторанот „Џорџо Балди“ во Санта Моника, каде што заедно го гледале натпреварот помеѓу Лос Анџелес Доџерс и Торонто Блу ​​Џејс. Свини по вечерата се враќала со такси, но неколку блока подолу застанала до паркираниот автомобил на Давин, и тогаш се случи нивната драматична средба.

Актерката носеше кафеава кожна јакна, тексас шорцеви и кафеави чизми од велур, а кратко по средбата, таа и Давино ја напуштија локацијата.

Оваа средба доаѓа откако таблоидите објавија дека Свини ужива во романса со Скутер Браун. Двојката првпат беше поврзана во септември оваа година, по разводот на Браун од поранешната сопруга Јаел во 2021 година (разводот беше финализиран во 2022 година), со која има три деца.

Свини ја заврши долгогодишната врска со Давино претходно оваа година по седум години. И ова не е првпат папараците да ги фотографираат заедно по раскинувањето – наводно биле видени како ручаат заедно во април.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...