СЕ ЧЕКА КРИВИЧЕН ДА ГО ОЦЕНИ ОБВИНЕНИЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

Date:

Предметот за трегедијата во Кочани со одлука на Врховниот суд беше доставен на оценка до Кривичниот суд во Скопје и Републичкото обвинителство размислува во врска со надлежноста, дали предметот да остане ЈО Кочани или да се делегира на ЈО Скопје, поради постапувањето по евентуалните жалби, рече денеска државиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

– Очекуваме обвинителниот акт да стапи на сила. Судот ќе изврши оценка на истиот, а ние размислуваме дали треба да се делегира друго Јавно обвинителство. Ако нема делегирање во Скопје, проблем ќе биде кој ќе одлучува по жалбите, дали предметот ќе се доставува до Апелациониот суд Скопје, што и така треба, меѓутоа дали мислење ќе дава Вишото ЈО Скопје или Вишото ЈО Штип. На мене, како државен јавен обвинител, останува да одлучам во однос на делегирањето на ЈО – рече Коцевски.

Засега, додаде Коцевски, судот сè уште нема закажано ден за испитување на обвинителниот акт.

За предметот што го води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за вмешаноста на полициските службеници во трагедијата во Кочани, тој кажа дека предметот е сè уште во истрага.

– Тој предмет е во истрага, нема притвор, но има законски рок за истрагата. Така да, се надеваме околу септември ќе заврши истрагата. Тој предмет го води ОЈО ГОКК, а надлежен ќе биде Кривичниот суд Скопје – рече Коцевски.

Тој рече дека се завршени вештачењата за предметите поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и за предметот Онкологија.

Тој ја повтори својата оценка во врска со буџетот на Јавното обвинителство изенесена во неговото вчерашно обраќање пред Комисијата за финансирање и буџет на која се расправаше за ребалансот на Буџетот, дека вештачењата за Онкологија и за случајот за трагедијата во Кочани се ммнигу голем финансиски товар за Обвинителството, бидејќи се работени во друга држава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ѓорческа „тргна“ со победа во Германија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска постигна победа во првото...

„Битка на половите“: Кирјос најави спектакл со најдобрата светска тенисерка

Били Џин Кинг и Боби Ригс го одиграле последниот...

ПСЖ со лекција за Реал Мадрид до место во финалето на Светското клупско првенство 

Европскиот шампион ПСЖ го реши победникот во полуфиналето на...

СОЛУНСКИТЕ БРАЌА СВЕТИ КИРИЛ И СВЕТИ МЕТОДИЈ (21)

ДЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА...