Се формира Совет за залена градба, за Македонија да стане ниско јаглеродна држава

Date:

Во соработка со Комората на овластени архитекти и инженери денеска започна формирањето на Совет за зелена градба, чија дејност како независно тело ќе биде насочена во градежништвото. Целта е Македонија да стане држава со ниско ниво на емисии на јаглерод, зашто според Игор Панчевски – координатор на проектот за енергетска ефикасност за Македонија, градежништвото е еден од секторите во земјава , каде се трошат најмногу енергија и ресурси. Нашиот Совет за зелена градба ќе биде воден од меѓународниот, а до крајот на 2026 година ќе има поддршка од хрватскиот Совет.

Иако Македонија како аспирант за членство во ЕУ, има обврска да ја примени Зелената агенда, во чии рамки е и Зелената транзиција, истражувањата што ги направиле експертите покажуваат дека малку се прави во пракса на тој план, а свеста за потребата од зелена градба, која првенствено се однесува на енергетската ефикасност на градбите, е на ниско ниво. Градежништвото е еден од секторите кој што троши најмногу енергија и ресурси. А, државата подлежи на гранично приспособување на емисиите на јаглерод и треба да се премости јазот за да стане ниско јаглеродна, велат експертите.

  • Челик, бетон , цемент, тие се сериозно енергетски интензивни градежни материјали, вклучувајќи ги понатаму кога ќе се изгради самиот објект, електричната и топлинската енергија, кои што овие објекти ги користат, кажа Игор Панчевски – координатор на проектот за енергетска ефикасност за Македонија.

Нашиот градежен сектор ќе добие поддршка за реализација на Зелената транзиција преку Совет за зелена градба, чие формирање започна денеска. Ова ќе биде нов Совет, откако згасна тој што беше формиран од приватна фирма пред 10 години, вели Панчевски. Советот за зелена градба ќе работи како независно тело, со 5 до 7 членови од Бордот на директори, од градежните компании, надлежните институции, невладиниот сектор, академијата. Ќе биде воден од Светскиот совет за зелена градба, со поддршка до крајот на 2026 година од консултат од хрватскиот Совет.

  • Целта на овој Совет е преку разни настани , заедно, во Соработка со Комората и со сите други институции сето ова да го подигнеме. Самиот проект и Советот за зелена градба ќе направи сериозна стратегија, како да пристапи спрема јавноста и кон државата . Доколку таа е расположена да помогне, во делот на зелената транзиција, да го забрзаме темпото и да го направиме во вистинска насока, како што треба, кажа Панчевски.

Советот за зелена градба, е еден од четирите проекти во рамките на програмата „ Рикономи“, чија цел е унапредување на економијата на земјите од Западен Балкан. Иако трошоците при зелена градба се за 1 до 5% повисоки во однос на регуларното градење, вложените средства се враќаат, со заштедите за електрична енергија за 30% и на вода за 40%, на годишно ниво.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Сиљановска-Давкова со Муцунски и Љутков во петок во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во петок (13 септември) ќе ја...

МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ УЧАТ 900 ЧАСОВИ ПОМАЛКУ ПОД СВЕТСКИОТ ПРОСЕК

Македонија се соочува со криза во учењето и според...

БРИЖИТ МАКРОН ЌЕ СЕ ИГРА СЕБЕСИ ВО СЕРИЈАТА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

Првата дама на Франција Брижит Макрон ќе се појави...