[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Семејство на Американец кој се удавил откако се обидел да помине урнат мост го тужи Гугл, тврдејќи дека Филип Паксон загинал затоа што компанијата не ја ажурирала својата мапа. Всушност, мостот во Хикори, Северна Каролина се урнал девет години пред несреќата, што не било забележано на мапата.
Паксон, татко на две деца, загинал во септември 2022 година откако возел дома од забавата на деветтиот роденден на неговата ќерка во куќата на еден познаник и бил во непозната област во моментот на неговата смрт. Неговата сопруга порано ја однела ќерката дома, а тој останал да помогне во чистењето, пишува Би-Би-Си.
„Не запознаен со локалните патишта, тој се потпираше на „Гугл мапс“, очекувајќи на тој начин безбедно да се врати дома, но падна во реката Сноу Крик, каде што се удави“, изјавија адвокатите на семејството.
Локалните жители постојано контактирале со Гугл за да ја сменат картата на областа откако мостот се урнал во 2013 година, се вели во тужбата. Властите првично поставиле бариери пред нефункционалниот мост, но вандалите ги уништиле пред неколку години.
Семејството, исто така, тужи три локални компании, тврдејќи дека тие биле обврзани да го одржуваат мостот. „Девојките прашуваат како и зошто умре нивниот татко и не можам да им објаснам затоа што како возрасна сè уште не разбирам како компанија која е одговорна за ГПС насоките може да биде толку неодговорна за човечкиот живот“, рече Алиша Паксон, сопругата на починатиот.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]