Се санираат штетите од невремето во Македонија

Date:

Четириесет пати заѕвонел телефонот на Центарот за управување со кризи вчера по невремeто со обилни врнежи од дожд, град, силен ветер и грмотевици што ја зафатија Македонија. Во скопскиот регион најзафатени беа Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром и Студеничани каде граѓаните имаа поголеми штети на домовите.

-Во Скопје имаше голем број откорнати дрвја, паднати бандери, скинати жици и некои делови од кровови беа паднати, но ние сме особено задоволни што немаше повредени граѓани. Засега немаме ниту една пријава за повреда на граѓаните, вели Стојанче Ангелов, директор на Центар за управување со кризи.

Освен Скопје невремето зафати и градови на северо-истокот од земјата. Штетата е иста, паднати дрвја и откорнати бандери.

-Покрај Скопје невремето Куманово, Старо Нагоричане, Кратово, Пробиштиб, Карбинци и Струмица, но генерално штетите се слични. Проблем е што на некои места паѓаше град кој предизвика штета врз земјоделските површини, додаде Ангелов.

Во моментов голем дел од штетите се санирани. Според метеролозите, до среда се очекуваат високи температури и многу висок УВ индекс. А од четврток се најавува северен ветер и пад на температурите за околу десет степени.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...