Се разведе Бритни Спирс- поп ѕвездата стана слободна на својот 43. роденден

Date:

Поп иконата Бритни Спирс и официјално е сингл, седум месеци откако поднесе барање за развод од Сем Асгари.

Како што пренесува „Дејли мејл“, пејачката официјално се разведе на 2 декември, на нејзиниот 43-ти роденден.

Да потсетиме, Сем Асгари, кој ѝ беше личен тренер на Бритни Спирс, поднесе барање за развод во август 2023 година, а бракот со пејачката го остави без ништо во џеб затоа што потпиша „железен“ предбрачен договор во нејзина корист.

Спирс и Асгари се запознале на снимањето на нејзиниот спот „Slumber Party“ во октомври 2016 година, а се вериле во септември 2021 година.

Откако судијата во Лос Анџелес стави крај на тринаесетгодишната условна казна на Спирс во ноември 2021 година, пејачката се омажи во нејзиниот дом во јуни 2022 година пред познатите гости, меѓу кои Мадона, Парис Хилтон, Дру Баримор и Селена Гомез.

Инаку, Сем Асгари беше трет сопруг на познатата пејачка.

Спирс претходно двапати се омажила, кога неславно побегнала со нејзиниот пријател од детството Џејсон Александар во јануари 2004 година за време на пијана ноќ во Лас Вегас, за да се поништи бракот 55 часа подоцна.

Спирс повторно му кажа „да“ на поранешниот резервен танчер од нејзината придружба – Кевин Федерлајн, по бурна романса. Двајцата имаат два сина, Шон Престон и Џејден Џејмс, пред да се разведат во јули 2007 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...