Се проверуваат списите од претходните предмети поврзани со обвинетиот Јованов

Date:

Судскиот совет веќе започнал со увид на пресудата со која судијката Даниела Алексовска Стојановска како казна му изрече заводска мерка на 20 годишниот Васил Јованов за производство и пуштање во промет на кокаин и марихуана.

Иако на утрешната седница формално ќе биде избрана тричлена комисија, Претседателот на Советот Александар Камбовски вели дека предмет на проверка е се она што во јавноста било изнесено како забелешка по што Судскио совет ќе излезе со став дали Алексовска Стојановска направила пропуст.

„Започнавме, разгледуваме а утре и формално ќе биде формирана комисија од страна на Судскиот совет и по извршениот увид во сите тие списи ќе излеземе со став дали имало пропусти или немало. Општо се што имаше во јавноста како забелешка излезено по сето тоа ќе се постапува.“

Судиите и подружницата на Здружението на судии од скопскиот кривичен суд велат дека ги поддржуваат граѓаните во нивните барања за системски промени. За судијката Даниела Алексовска-Стојановска, велат дека при одлучувањето за санкцијата се водела исклучиво согласно Законските одредби, слободното судиско убедување и воспоставената судска пракса, а санкцијата била согласно законските одредби од КЗ.

„Прашање е дали доколку била изречена и казна затвор, мерката притвор ќе можела да опстои пред повисоките судски инстанци имајќи ја предвид досегашната судска пракса, препораките од Судот за човекови права во Стразбур и постојани критики на Меѓународната заедница дека мерката притвор не смее да се користи како казна. Дотолку повеќе што и при укинување на мерката притвор, Јавниот обвинител не вложил жалба на притворот туку вложил само на кривичната санкција.“

И додека се чека Судскиот совет да утврди дали имало пропусти, оваа пресуда е во жалбена постапка во скопска Апелација. Оттаму за Канал 5 брифираат дека сега во петок или најдоцна следниот петок, на затворена седница ќе се одлучува по овој предмет по кој ќе реферира судијката Тања Милева.

Во меѓувреме сомнеж за пресудата, фрлија и информаиците објавени од Радио Лидер, дека сопругот на судијката Алексовска Стојановска 5 години бил колега со мајката на Васил Јованов, од 2003 до 2008 година, во телекомуникациска компанија…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Солидарност со Македонија – Перт обоен во боите на македонското знаме

Со цел оддавање на почит на загинатите млади луѓе...

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА

Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој...