На социјалните мрежи се шири фотографија од бебе кое лежи на подот во париската арена, каде што се одржа концертот на Тејлор Свифт. Возрасен човек стои покрај детето, иако не се знае дали е родител или посетител, пишува „Пејџ сикс“.
„Дефинитивно би повикал обезбедување во оваа ситуација бидејќи оваа средина не е безбедна за бебињата“, напишал корисникот кој прв ја објавил фотографијата на Икс.

Објавата која е избришана, набрзо стана вирална на социјалните мрежи и предизвика стотици негативни коментари.
„Како мајка, не можам ни да замислам да однесам мало дете на концерт. Ако не можеле да најдат бебиситерка, требало да си земат носач и да ги заштитат ушите на бебето со слушалки“; „Како може некој да помисли дека е добра идеја да се донесе бебе на ваков настан“; „Ужасна глетка. Замислете колку е непријатно на едно дете во толку гласен и хаотичен простор. Не гледам смисла да се носат толку мали деца на концерти”; „Ова е болно и неодговорно“, се дел од коментарите.
Претставник на арената изјавил за „Пејџ сикс“ дека „општите услови за продажба велат дека сите малолетници, без разлика на возраста, кои имаат билет за концерт мора да бидат придружувани од возрасен. Децата под 18 години се одговорност на нивните законски старатели. За посетителите со малото дете на подот, беше предложен алтернативен распоред за седење, но беше одбиено“.
Веб-страницата наведува дека „деца под 4 години не се препорачуваат, дури и ако се придружени, особено поради бучавата“.
Инаку, Тејлор Свифт ја започна својата турнеја „Ери“ во Париз на 9 мај, откако направи неколку месеци одмор за да го издаде својот нов албум „The Tortured Poets Department“.