Се појави стара снимка од раперот Диди и 15-годишниот Џастин Бибер: Во следните 48 часа тој ќе биде со мене

Date:

На интернет се појави стара снимка на која 40-годишниот рапер Диди вели дека во следните 48 часа 15-годишниот Џастин Бибер ќе биде кај него.

Видеото повторно стана вирално откако беше покрената истрага против раперот, кој е обвинет за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, пишува „Пејџ сикс“.

Во краткото видео, Шон „Диди“ Комбс, стои до младата поп-ѕвезда и вели: „Не можам да ви откријам што ќе правиме, но дефинитивно е сон на секој 15-годишник“.

Младиот Бибер кој стои покрај раперот само се смешка давајќи кратки коментари како „Да“ и „Тоа е лудо“.

Диди додава: „Немам законско старателство за него [Бибер], но во следните четириесет и осум часа тој е со мене и ние целосно ќе полудиме“.

Видеото сега се споделува на социјалните мрежи и загрижи многумина, опишувајќи го како морничаво.

„Интернетот не заборава“; „Како можелe родителите на Бибер да го остават сам со него? Имал само 15 години“; „Не е ни чудо што Џастин е депресивен денес“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме, раперот се најде во центарот на вниманието кога неговата поранешна партнерка Каси Вентура (37) го обвини за силување, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и физичко малтретирање во средината на ноември 2023 година. Потоа, следеа нови обвиненија од други жени. Пред два дена вработените во Одделот за домашна безбедност на Соединетите Американски Држави ги пребарале домовите на раперот во американските градови Њујорк, Лос Анџелес и Мајами.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“...

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...