Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот претседател Владимир Путин во новиот филм на францускиот режисер Оливие Асанас, „Волшебникот од Кремљ“. Филмот е заснован на истоимениот бестселер роман на Џулијано да Емполи, кој беше објавен во април 2022 година, само два месеци по почетокот на руската агресија против Украина.
Снимањето започна во Рига, а сега се појавија и првите фотографии од познатиот актер како Путин.

„Волшебникот од Кремљ“
„Волшебникот од Кремљ“ ќе го следи Путин на почетокот на неговата политичка кариера на почетокот на 1990-тите, по распадот на Советскиот Сојуз. Ло ќе го игра младиот Владимир Путин, додека главна улога во филмот ќе има и Пол Дано, кој ќе го портретира Вадим Баранов, уметник и ТВ продуцент кој неочекувано станува главен советник на рускиот претседател.
Овој лик наводно е инспириран од Владислав Сурков, поранешен руски политичар кој се смета за одговорен за доаѓањето на Путин на власт.

– Сè уште не сум почнал сериозно да работам на улогата. Мислам, почнав, но во моментов тоа ми изгледа како Еверест кој треба да го освојам и се чувствувам како да сум сè уште во подножјето и гледам нагоре кон врвот, размислувајќи: „О Боже, што си направив себеси? – изјави неодамна Ло за Deadline.





