Гвинет Палтроу доби Оскар за главната женска улога во филмот „Вљубениот Шекспир“ од 1998 година, а во неодамнешното интервју за „Вог“ откри како престижната статуетка има необична намена во нејзиниот дом.

Додека на новинарката ѝ ја покажувала својата градина, таа ја отворила вратата, а новинарката ја забележала статуетката која ѝ служи како потпирач на вратата. „Каква убава награда Оскар“, ѝ рекла репортерката на „Вог“, на што таа одговорила: „Да. Мојата врата. Работи совршено“.

Актерката која денес живее затскриено, во едно интервју открила дека филмот Ема од 1996 година е единствениот филм во кој глумела, а кој денес би го гледала во целост, додавајќи дека ништо не ѝ недостасува од времето на нејзината најголема слава.