Експертите сметаат дека се зачестени нападите од ајкули во Австралија.
Последната несреќа се случи деновиве кога три лица, двајца Руси и еден Французин, еднај се спасени од чамец катамаран во Коралното Море во близина на североисточниот брег на Австралија, откако пловилото било оштетено во неколку напади на ајкули, соопштија властите.
Сателитски фотографии и видео од австралиската управа за поморска безбедност (AMSA) покажаа дека голем дел од катамаранот е откорнат, објави „Ројтерс“.
AMSA соопшти дека спасувачките екипи одговориле на повикот за помош рано утринава од деветметарскиот катамаран на надувување кога пловилото се наоѓало на околу 835 километри југоисточно од Кернс во Коралното Море.
Се почесто напади од ајкули во Австралија
Date: