Македонските библиотеки изгубиле 80% од корисниците за една деценија

Date:

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, во споредба со 2019, бројот на специјализираните библиотеки е намален за 2.1 %.

Благо намалување се бележи и кај бројот на останатите библиотеки.

Според класификацијата на библиотеките, во земјава постојат национални, високошколски, специјализирани, неспецијализирани (општонаучни), библиотеки ‒ национални установи и јавни (народни) библиотеки.

Ваквите податоци укажуваат дека се намалува интересот за читањето. Но, од друга страна тоа се должи и на се поголемата употреба на читање содржини од мобилни телефони, со што книгата веќе со години наназад губи на атрактивност.

Во последнава деценија бројот на корисници на македонските библиотеки е намален за повеќе од шест пати, додека бројот на членови речиси се преполовил, покажаа новите податоци кои ги објави Државниот завод за статистика.

Во споредба со 2010 година, кога имало над 6,4 милиони корисници, минатата година библиотеките имале само нешто над милион корисници, што е намалување од 83%. Најголем е падот кај јавните (народни) библиотеки, на кои бројот на корисници им се намалил од преку 3 милиони на само 150 илјади корисници, што е пад од огромни 95%. Голем пад има и кај Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје (-77%) и високошколските библиотеки (-73%).

Истовремено опаѓа и бројот на членови на библиотеките. Додека во 2013 година имало највисоки, речиси 155 илјади членови, лани во библиотеките низ земјава имало запишано нешто под 84 илјади членови. Во овој период најголем пад има НУБ „Св. Климент Охридски“, која изгубила 75% од членовите, а голема негативна разлика имаат и библиотеките – национални установи (-50%), јавните (народни) библиотеки (-48%) и високошколските библиотеки (-41%).

Бројот на библиотеки има нагло намалување минатата година. Додека во 2016 и 2019 имало 175 библиотеки, минатата година функционирале 160 библиотеки.

Покрај НУБ „Св. Климент Охридски“ во земјава има и 67 високошколски библиотеки, 46 специјализирани библиотеки, 40 јавни (народни) библиотеки, 5 библиотеки – национални установи и една општо-научна библиотека.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ИДЕН ВЛАДАТЕЛ НА МАЛА АЗИЈА (47)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ПРИМЕНА НА „КОСИОТ БОРБЕН СТРОЈ“ НА ГРАНИК – НА ПРВАТА БИТКА СО ДАРИЈ (46)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ГРАНИК – ПРВАТА БИТКА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ СО ДАРИЈ ВО ПЕРСИЈА (45)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ВОЕНИ ПОДГОТОВКИ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА НАПАД НА ПЕРСИЈА (43)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...