СЕ ОТВОРА НОВО ЖАРИШТЕ НА УКРАИНСКИОТ ФРОНТ Русија почна нова офанзива на Харков

Date:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Русија започнала нова офанзива во регионот Харков.

– Русија започна нов бран на офанзивни акции во насока на Харков. Нашите бранители ги пречекаа со копнени сили, бригади и артилерија – рече Зеленски на прес-конференција во Киев, додавајќи дека Русите би можеле да испратат повеќе сили за поддршка на пробивот на североисток.

Руските сили почнаа копнена офанзива со оклопни возила во близина на Харков, вториот по големина град во Украина на североисток, и постигнаа ограничен напредок. Ова отвори нов фронт во долготрајната војна што се води на исток и на југ на земјата. Украина испрати засилување додека беснееја борби во пограничните делови од областа, соопшти Министерството за одбрана, додавајќи дека Русија го нападнала пограничниот град Вовчанск со наведувани бомби и артилерија.

„Околу 5 часот, непријателот се обиде да ја пробие нашата одбранбена линија под заштита на оклопни возила. Тие напади сега се одбиени, борбите со различен интензитет продолжуваат“ – соопшти Министерството.

Украински воен извор, кој одби да биде именуван, рече дека руските сили напреднале еден километар во внатрешноста на украинската граница во близина на Вовчанск.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Не очекува ли енергетска криза – Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата...

Иницијатива на регионалната стопанска комора во Прилеп и Битола за брендирање локални производи

Регионалната стопанска комора од Прилеп и Битола ја формираше...

Стапката на невработеност во Македонија е 12,3%, невработени блиску 100 илјади лица

Стапката на невеработеност во третото тримесечје од 2024 година...

Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто

Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера...