[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Саудиска Арабија се подготвува да ја отвори својата прва продавница за алкохол во главниот град Ријад, која ќе им служи исклучиво на немуслиманските дипломати, откри извор запознаен со плановите и документот.
Дипломатите ќе треба да добијат посебно одобрение за користење на услугите на новата продавница за алкохол.
Купувачите ќе мора да се регистрираат преку мобилна апликација, да добијат код за одобрување од Министерството за надворешни работи и да ги почитуваат месечните квоти при купувањето, се вели во документот, пренесува Ројтерс.
Овој потег претставува пресвртница во напорите на кралството, предводено од саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, да ја отвори ултра-конзервативната муслиманска земја за туризам и бизнис, бидејќи пиењето алкохол е забрането во исламот.
Новата продавница се наоѓа во Дипломатскиот кварт на Ријад, населба во која престојуваат амбасади и дипломати и ќе биде „строго ограничена“ за немуслиманите, се вели во документот.
Не беше јасно дали другите немуслимански иселеници ќе имаат пристап до продавницата. Милиони иселеници живеат во Саудиска Арабија, но повеќето од нив се муслимански работници од Азија и Египет.
Извор запознаен со плановите рече дека продавницата се очекува да биде отворена во наредните недели.
Саудиска Арабија има строги закони против пиење алкохол казниви со стотици камшик, депортација, парични казни или затвор, а иселениците исто така се соочуваат со депортација.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]