СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЖРТВИ – ова е последниот црн биланс од железничката несреќа во Грција

Date:

Најмалку 36 лица го загубија животот, а 66 лица со повреди се хоспитализирани во грчките болници по судир на патнички и товарен воз кај месноста Темпи. во близина на грчкиот град Лариса.

Грчките медиуми објавија дека меѓу 350 патници во возот, поголемиот дел биле студенти кои по продолжениот викенд се враќале или дома во студентските кампуси.

Според официјалните информации од портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис операцијата за пронаоѓање на исчезнати е во тек и акцијата е фокусирана на првите три вагони.

Со помош на специјални кранови се отстрануваат делови од возот за да се создадат услови за целосен пристап во вагоните.

Интервенираат 150 пожарникари со 17 возила, четири кранови, а на располагање се 30 возила на брзата помош.

Според грчките медиуми, меѓу 350 патници во возот, поголемиот дел биле студенти кои по продолжениот викенд се враќале или дома или во студентските кампуси.

Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина – Солун директно се судрил со товарен воз. Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар.

Првиот вагон веројатно е целосно изгорен, а биле извлечени и јагленосани тела.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за една од поголемите, ако не и најголемата железничка несреќа во Грција.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...