Се вештачи оружјето поврзано со двојното убиство, споделувањето повеќе информации не е добро за истрагата, вели Спасовски

Date:

Во тек е вештачењето на двете парчиња огнено оружје, кои се најдени и се поврзуваат со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Кога ќе заврши нивното вештачење, анализите ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој одговараше на новинарски прашања по посетата на СВР-Куманово.

 -Сите тие информации, како и вештачењата ќе бидат доставени до јавното обвинителство, во моментот кога ќе бидат завршени, изјави Спасовски.

Прашан дали може попрецизно да се лоцира и да се дадат детали каде било возилото на убиениот Панче Жежовски, а потоа со него е и извршено грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Спасовски со одговор дека со поднесувањето на кривичните пријави целосната истрага оди во ОЈО.

 -Сите овие детали се разгледуваат во Основното јавно обвинителство на основа на приберените податоци или на податоци, коишто ќе ги прибере јавното обвинителство.

Така да не би можел да споделувам повеќе информации и тоа не е добро за истрагата, зошто не можеме да ја водиме во медиумите. Таа мора да се води во јавното обвинителство, вели Спасовски.

 Што се однесува за информацијата дека инспектор кој е поврзан со истрагата за двојното убиство дал информации и фотографии, кои се шират низ Скопје, а истите можат и да и попречат на истрагата, Спасовски рече дека во овој период јавноста се изнаслуша на многу информации, шпекулации, политиканства.

 -Затоа уште повеќе го потврдувам дека тоа не е добро, за било каква активност којашто е нелегална и од било кого, дали е инспектор или било кој друг, секако дека ќе си сноси одговорност, доколку постои такво нешто.

Меѓутоа не би сакал на ниво на шпекулации, посебно за еден ваков случај да зборувам, рече Спасовски.

 Прашан  за информациите за случајот со двојното убиство коишто можат да бидат во полза на првоосомничениот Љупчо Палевски да не се екстрадира од Турција, Спасовски вели дека токму и претходното го кажал во оваа насока и какошто вели, кога е во истрага сите шпекулации и се што ќе се изнесе во јавноста само може да штети на истрагата.

 Прашан за коментар за изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека тој нема да има мир, додека е жив Мицкоски. Спасовски кусо одговори дека му посакува долг живот на Мицкоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...