Се бројат деновите до одобрувањето на обвинителниот акт за убиствата на Панче и Вања

Date:

Одбраната на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски најави дека ќе поднесе приговори до Кривичниот суд по обвинението за случајот. Она што најмногу ја шокираше јавноста за свирепото убиство на 14 годишното девојче е токму евентуалната инволвираност на нејзиниот татко кој, според исказите, на останатите обвинети го информирал Љупчо Палевски Палчо за движењето на Вања на кобниот 27 ноември, минатата година. Но, неговата одбрана тврди дека Ѓорчевски не помогнал во грабнувањето на неговата ќерка.

Владимир Туфегџиќ, адвокатот на Ѓорчевски вели дека по извршениот увид во списите и доказите од 29 мај и 10 јуни, приговорот ќе биде поднесен согласно законот, бидејќи за обвинетиот не постоело правна основа постапувањето да продолжи во следниот стадиум на кривичната постапка, во фаза на главна расправа, поради немање докази. Туфегџиќ додава и дека Ѓорчевски ги прибрал и ги предал доказите на кои всушност се заснова обвинението.

„Со обвинението не е доставен ниту еден доказ за тоа, како по време, место и начин се извршени дејствијата на помагање во сторување на кривичното дело. Советот за оценка на обвинителниот акт ќе биде запознат со доказите за тортура спрема осомничениот која била вршена во полициската постапка, како и за времето на издржувањето на мерката притвор во форма на физичко и психичко насилство, со цел по секоја цена да се изнуди признание од осомничениот.“ – Владимир Туфегџиќ, адвокат на таткото на Вања.

Доказите за тортурата врз Ѓорчевски, како што додава Туфегџиќ, се содржани во лекарски извештај, како и во извештајот на Хелсиншкиот Комитет за човековите права изготвен на 10 мај, а известена е и Управата за извршување на санкции.

„Доколку за осомничениот постоеле цврсти докази немало потреба да се врши психичко и физичко насилство на особено понижувачки начин за да се изнуди признание.Во оваа смисла ќе поднесеме кривична пријава до ОЈО за ГОКК надлежен за постапување во ваков случај. Со листата на докази секако дека ќе предложиме директно испитување на сведоци, вклучително и полициски службеници, кои дале свои искази во истражната постапка.“ Владимир Туфегџиќ, адвокат на таткото на Вања

Се бројат деновите до одобрувањето на обвинителниот акт, кој пред недела дена стигна во Кривичниот суд. Одбраната на обвинетите има рок од 8 дена да поднесе приговори, по што ќе треба да се закаже и судење за случајот.

Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, се обвинети дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата на Вања и на велешанецот Панче Жежовски. Целта, според обвинението, им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп. За Палевски, кој е осомничен дека е организатор на грабнувањата и извршител на убиствата, истрагата е во тек, по неговата екстрадиција во земјава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...