Се бара притвор за Стефан Богоев и за уште тројца — наводно зеле поткуп од околу 1.800 евра и наместиле тендер

Date:

Јавен Обвинител од ОЈО ГОКК бара притвор за поранешниот директор на Царинската управа и поранешниот градоначалник на скопски Карпош, Стефан Богоев, поранешен помошник директор и за уште двајца осомничени кои се товарат дека местеле тендер за чистење на гранични премини и терминали.

Попладнево осомничените беа изведени пред судија на претходна постапка, откако претходно беа во полициска станица Пролет. Обвинителството обезбедило докази дека Богоев зел и мито од околу 1.800 евра.

– Постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од 18.479.692 денари – се вели во соопштението од Обвинителство.

Според доказите, Богоев како директор наводно влијаел врз спроведувањето на тендерската постапка во корист на избраниот понудувач, помошникот директор пак влијаел врз други фирми да учествуват во постапката.

-Во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание, при што првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба и реално влијание. Со цел непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени – додаваат од Обвинителство.

Тие се товарат за Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание.

Со соопштение излезе и Управата за финансиска полиција кое поднело кривична пријава против лицата.

Според нивното соопштение пак, токму вработен во фирма кој неофицијално е партиски активист на СДСМ од Прилеп, всушност го натерале Богоев да го намести тендерот и му дале мито.

– Пријавениот А.С. со искористување на своето реално влијание, општествена положба и углед, барал, интервенирал, поттикнувал и влијаел да се изврши службено дејствие што не смеело да се изврши кај пријавениот С.Б. во својство на директор на Царинската управа, по што во содејство со пријавениот Д.Г., влијаеле кај пријавениот С.М. на кој непосредно му дале, ветиле подарок и корист за него како и посредно за пријавениот С.Б., за да извршат службено дејствие што не би смеело да го извршат, за што пријавениот С.Б., во периодот од мај 2024 година до февруари 2025 година, директно и индиректно побарал и примил подарок и друга корист за себе дел непосредно, а дел посредно преку пријавениот С.М., велат од Финансовата полиција.

По апсењето на Богоев, со поддршка излегоа од матичната партија СДСМ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мира Андреева е победничка на Роланд Гарос

Деветнаесетгодишната руска тенисерка Мира Андреева ја освои својата прва...

Иднината на Филип Кузмановски: Азиска авантура и европски амбиции

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски се наоѓа во клучна фаза од кариерата,...

Нова ескалација на војната во Персискиот Залив

Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат и покрај напорите за...

ОПТИМИСТ СУМ ЗАТОА ШТО САМО ЈАС ИМАВ БИЛАТЕРАЛНИ СОСТАНОЦИ СО МАКРОН И МЕРЦ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека неговиот оптимизам по самитот...