Репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски заработи повреда на последниот квалификациски натпревар против Турција.

Македонскиот репрезентативец беше изнесен на носилка пред крајот на првото полувреме, а по прегледите во Германија, пристигнаа лоши вести.

Прегледите во Вецлар, каде што настапува Кузмановски, покажале дека повредата е сериозна – се работи за скинати лигаменти на десното стапало, а нашиот ракометар го чека долга пауза.

Засега не е познато колку точно време ќе паузира, но сигурно дека ќе го пропушти остатокот од сезоната во Бундеслигата.