Бургер Кинг ќе се соочи со тужба во која се тврди дека го прави нејзиниот Вопер бургер да изгледа поголем на неговите менија отколку што е во реалноста, одлучи американски судија.
Во тужбата се обвинува гигантот за брза храна дека ги довел во заблуда клиентите покажувајќи ја плескавицата со поголемо количество месо отколку што навистина има.
„Тврдењата на тужителите се лажни“, изјавија од Бургер Кинг за Би-Би-Си.
Во колективната тужба против Бургер Кинг се тврди дека Вопер е направен да изгледа 35% поголем, со повеќе од двојно поголема количина на месо во споредба со она што всушност им се сервира на клиентите. Од Бургер Кинг претходно тврделе дека не е потребно да се доставуваат хамбургери што изгледаат „точно како на сликата“.
Во пресудата, американскиот окружен судија Рој Алтман рекол дека треба да се остави на поротниците да „ни кажат што мислат разумните луѓе“. Сепак, тој ги отфрли тврдењата дека Бургер Кинг ги заведувал клиентите со своите телевизиски и онлајн реклами.
Веб-страницата Бургер Кинг го опишува Вопер како „Плескавица која ќе владее со сите“, која содржи „вистинско месо“, меѓу другите состојки.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]