Сенатот на САД ја блокираше помошта за Украина и за Израел

Date:

Пакетот нова безбедносна помош за Украина и за Израел вреден милијарди долари, предложен од претседатлот Бајден е блокиран од страна на републиканците во американскиот Сенат кои инсистираат на построги мерки за контрола на имиграцијата на границата на САД со Мексикo. За пакетот за помош гласаа 49 сенатори, 51 беа против, што значи дека мерката од 110,5 милијарди долари не доби 60 гласови потребни во 100 члениот Сенат за да се отвори патот за дебата. Гласањето беше по партиски линии, при што сите републиканци во Сенатот гласаа против заедно со сенаторот Берни Сандерс, независен кандидат кој обично гласа со демократите, но изрази загриженост поради финансирањето на сегашната, како што ја нарече, „нехумана воена стратегија“ на Израел против Палестинцитe.

Во меѓувреме, Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби вели дека доколку финансиската помош за Украина престане Путин ќе го добие токму тоа што го посакува. Неговите коментари доаѓаат откако администрацијата на Бајден објави дека испраќа нов пакет воена помош во вредност од 175 милиони долари за Украина. Помошта доаѓа во време кога Конгресот останува закочен со законодавството што ќе обезбеди ново финансирање за Украина, како и пари за војната на Израел со Хамас и за други безбедносни потреби. Администрацијата на Бајден рече дека парите за помош на Украина се при крај, а пакетите со оружје и друга опрема за војната во Пентагон станаа многу помали во последните месеци. Белата куќа бара скоро 106 милијарди долари, но законот се заглави во преговорите за безбедноста на границите и поради одбивањето на републиканците да одобрат значителни трошоци за војната во Украина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...