Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра, објави СДСМ

Date:

Семејната фирма на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски која го менувала името, добила вкупно 161 тендер, вредни речиси 5,5 милиони евра, пари на граѓаните, објави на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ Александар Димитриевиќ, откако партијата најави серијал на корупциски скандали за власта под наслов „Бомби 2.0“.

– Семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306%!!! И тоа само во 2024 година. Случајно, им тргнало чистењето на буџетот.“ Во тековната 2025 година, истата фирма веќе добила нови 10 тендери од речиси половина милион евра. Сопственик на Сити логистик во моментот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски, а управител Слободан Кутановски, нивни близок роднина. Потоа се менува името на фирмата – Сити аутсорсинг. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име. Од државни институции и од општини, водени од ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која го менува името добила: неверојатни 5 милиони и 360 илјади евра или вкупно 161 тендери. Тоа се речиси 5,5 милиони евра! Пари на граѓаните! – изјави Димитријевиќ.

Опозициската СДСМ ја обвинува власта за наместени тендери преку блиски луѓе и посредници.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, најави дека ќе поднесе тужба против СДСМ ако партијата не се извини за обвинувањата дека негова семејна фирма од државни институции и општини водени од ВМРО-ДПМНЕ добила вкупно 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра.

Томовски вели дека посочената компанија не е негова, ниту, пак, дека има каков било удел во неа.

„Јас во моментов немам никаква приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на СОЗР. Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам. Слободно сите можни институции да проверат сè, а искрено од СДСМ не очекувам извинување затоа што за извинување потребна е доблест и морал, а тоа одамна видовме дека го немаат“,пишува Томовски во реакцијата објавена на Фејсбук.

Наводите на СДСМ ги оцени за малициозни и полни со клевети и измислици.

„Тоа е нивниот стил, но и единствената сламка за спас. Додека зборуваат за некаков криминал, тие што вистински се тоа, од Дубаи нарачуваат и пишуваат клеветнички прес-конференции. Така тоа изгледа кога крадецот вели ‘држете го крадецот’. И сакаат да се заборави на златните визи на Филипче, Заев, за модуларната болница, Соравија, плантажите за марихуана. Тоа беше нивното ‘владеење’ – период на пропаѓање што остави длабоки последици врз општеството и врз довербата во институциите“,вели Томовски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...