Селена Гомез новата песна му ја посвети на бившиот

Date:

Пејачката Селена Гомез минатата недела ја објави новата песна која му ја посвети на бившиот The Weeknd (33), со кој беше во врска во 2017 година.

Пред неколку месеци откри дека верува дека неговата серија, „Идол“, ги користи нејзините животни ситуации за епизодите и дека постои неверојатна сличност меѓу неа и главниот лик, кој го игра Лили-Роуз Деп (24), објави „Дејли Мејл“. Два дена претходно, го објасни значењето на новата песна

„Ви благодарм за сета љубов која ми ја дадовте за песната Single Soon. Тоа е оптимистичка химна за да се чувствувате удобно во своја кожа и да уживате во вашето друштво. А и забавно е да се танцува на неа“, рече Селена.

Песната ќе ѝ биде прва од нејзиниот претстоен албум. Селена еќе три години нема објавено ништо ново.

За потетување, серијата „Идол“ на HBO ја создаде The Weeknd, а ја следи поп-ѕвездата Џоселин чиј живот целосно се менува кога го запознава сопственикот на ноќниот клуб и водач на култот Тедрос.

Извор близок до Селена рече дека има големи сличности меѓу главната актерка и неа, од борба со проблеми со менталното здравје до појавување пред камери, и дека поранешното момче ја користи нејзината вистинска болка за забава, пренесе „Дејли Мејл“.

Серијата е откажана по само пет епизоди.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...