Селена Гомез во петокот присуствувала на концертот на поп дивата Бијонсе, каде фановите го снимиле моментот на нејзината расправија со обезбедувањето.

Имено, при пристигнувањето на концертот, Селена била забележана како жестоко се расправа со обезбедувањето кое ја придружувало. Сè уште не е јасно која е причината за нејзината бурна реакција, но сепак издвоени биле две причини.

Корисниците на социјалните мрежи шпекулирале дека човекот бил дел од нејзиното лично обезбедување, бидејќи неколку пати бил забележан како ја придружувал за време на концертот и дека токму доцнењето на концертот е причината поради која таа го „нападнала“.

https://twitter.com/Forgella26/status/1662740903704899587?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1662740903704899587%7Ctwgr%5E7ffb2cf47ed0809092e98114e803b9d1dce394d0%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F446878%2Fincident-na-koncertot-na-bijonse-selena-gomez-vo-zestoka-raspravija-so-obezbeduvanjeto-lugjeto-tvrdat-deka-toj-gi-turkal-fanovite

Медиумите стапиле во контакт со нејзините претставници, но тие не дале никакви изјави околу ситуацијата.

https://twitter.com/aradisecity/status/1662315343463739394?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1662315343463739394%7Ctwgr%5E7ffb2cf47ed0809092e98114e803b9d1dce394d0%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F446878%2Fincident-na-koncertot-na-bijonse-selena-gomez-vo-zestoka-raspravija-so-obezbeduvanjeto-lugjeto-tvrdat-deka-toj-gi-turkal-fanovite

Сепак, многумина ја пофалиле на социјалните мрежи, бидејќи Селена наводно ги бранела своите обожаватели од обезбедувањето, кој ги туркал за време на средбата. Подоцна, фановите тврделе дека обезбедувањето бил во друштво на нејзината пријателка, Ракел Стивенс.

Селена Гомез била една од многуте познати личности кои присуствувале на настапот на Бијонсе, дел од нејзината нова турнеја „Ренесанса“, која започнала на 10 мај. Покрај Селена на концертот биле присутни и Натали Портман, Крис Џенер и Лени Кравиц.