Германски турист зажалил откако решил да го подобри романтичниот викенд со сопругата користејќи преголеми дози на вијагра и екстази.
Имено, по „лудиот“ секс маратон кој траел 24 часа, несреќниот 50-годишен турист завршил во тешка состојба во болница во Гросето, Италија, а сега му се заканува ампутација на пенисот.
Локалните медиуми јавуваат дека „дивото“ водење љубов се случило во стан во Кастел дел Пијано, а Германецот за тоа време користел дрога и апчиња, за да си го зголеми либидото и ерекцијата.
Веќе следниот ден мажот се појавил во болница со својата сопруга, а лекарите неговата состојба ја опишале како исклучително сериозна. Моментално е на одделението за интензивна нега, а според првичните информации, непрекинатата активност предизвикала некроза на пенисот и скротумот и сега е во опасност да му се ампутираат гениталиите.
Меѓутоа, неговата здравствена дијагноза останува доверлива, а парот сè уште не е именуван.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]