Проценките се дека граѓаните нелегално поседуваат најмалку 40.000, или дури и повеќе од 100.000 парчиња оружје. Толку вооружување на граѓаните бара сериозна анализа и реакција од надлежните институции, велат од Независниот полициски синдикат.
Црна Гора е на трето место во светот по бројот на парчиња оружје кое се наоѓа кај граѓаните, изјави потпретседателот на Независниот полициски синдикат на Црна Гора, Ѓорѓије Вукиќевиќ.
Тој рече дека во Црна Гора легално се вооружени околу 68.000 граѓани, кои поседуваат повеќе од 100.000 парчиња оружје.
– Од друга страна, проценките се дека граѓаните нелегално поседуваат најмалку 40.000, или дури и повеќе од 100.000 парчиња оружје. Толку вооружување на граѓаните бара сериозна анализа и реакција од надлежните институции – рече Вукиќевиќ.
Ужасното злосторство во Цетиње уште еднаш укажа на опасноста од ширење на оружјето што нелегално се поседува во Црна Гора.
Ацо Мартиновиќ во Цетиње застрелал 12 лица, од кои две деца, при што тешко ранил четири лица. По неколкучасовното бегство, Мартиновиќ се самоуби.
Во џебовите на Мартиновиќ биле пронајдени 80 куршуми. Покрај муницијата во џебовите, во шаржерот на неговиот пиштол биле пронајдени уште неколку куршуми.
Date: