По долгогодишно одложување, системот за влез/излез на ЕУ (ЕЕС) се очекува да стапи на сила оваа есен. Сепак, многу патници сè уште не се сигурни како системот – и придружниот Европски систем за информации и овластување за патување (ETIAS) што треба да се појави во средината на 2025 година – ќе функционира.
За потсетување, ЕТИАС подразбира дека секој граѓанин на Македонија, ,Србија и другите земји кои не се дел од ЕУ, кој сака да влезе во Европа и да остане подолго од 90 дена, мора да поднесе барање за одобрение за патување, 96 часа пред поаѓање.
Европскиот информативен систем за патувања (ETIAS) треба да почне да функционира во првата половина на следната година. Ова е најновата информација, иако овие рокови досега неколкупати се одложуваа. Како што е најавено, повеќе од 1,4 милијарди граѓани од повеќе од 60 различни земји ширум светот од тој момент ќе мора да добијат патничко овластување за да влезат во 30-те земји од Шенген зоната.
Европската унија работи на овој систем и на воведувањето дозволи за патување од 2016 година со цел да се зголеми безбедноста во Европа со тоа што однапред се знае кој доаѓа во оваа област.
Пријавувањето ќе се врши преку веб-страницата, а наводно се подготвува апликација. Процесот на добивање на ова одобрение ќе биде едноставен и ќе трае околу десет минути, а патниците ќе треба да го скенираат пасошот и нивната фотографија, како и да одговорат на неколку кратки прашања.
Беше наведено дека програмата ќе започне да се спроведува од 2025 година и е наменета за контрола на патниците кои пристигнуваат од странство како одговор на глобалното зголемување на терористичките активности.
Кога станува збор за EES, системот за влез и излез, тој опфаќа сè, од компании за траект до туристички агенти.
На пример, Британците и другите туристи од „трети земји“ ќе мора да го пријават своето пристигнување и заминување од земјите на ЕУ и Шенген зоната така што ќе им бидат земени фотографии и отпечатоци од прсти при пасошка контрола.
Ова ќе го замени рачниот печат во пасошот.
Постои загриженост дека ЕЕС може да го зголеми задржувањето на граничните премини, што дополнително може да влијае на туризмот.