СЕДУММИНА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СЕ НАОЃААТ ВО ЗАГРОЗЕНИТЕ ПОДРАЧЈА ВО ИЗРАЕЛ, МНР ОТВОРИ ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН

Date:

Седуммина македонски државјани се наоѓаат во градот Витлеем на Западниот Брег, кој не е погоден од актуелните случувања во Израел, соопшти Министерството за надворешни работи. Оттаму апелираат до сите македонски државјани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел.

„За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/273-732 и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378“, велат од МНР.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е во војна, откако палестинската милитантна група Хамас утрово лансираше голем ракетен напад на земјата и ја премина границата. Портпаролот на израелската војска соопшти дека Палестинците досега испукале 2.500 ракети.

Израелската телевизија „Ченл 13“ објави дека седум населени места се под контрола на Хамас. Досега е потврдено дека има 22 загинати и над 540 повредени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Која актерка ќе ја глуми Џенис Џоплин во биографскиот филм за животот на пејачката?

Американската актерка Шејлин Вудли, позната по улогите во сериите...

25 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ ОД ХИРОТОНИЈАТА НА ЕПИСКОПОТ СТРУМИЧКО – СКОПСКИ – КИРИЛ СТОЈАНОВ

ОД АКТИВНОСТИТЕ НА КАТОЛИЧКАТА ЕПАРХИЈА „УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“...

Мицкоски: додека јас сум премиер нема да има недопирливи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Претрес...

Избрани нови членови на историската комисија

Пред три години си даде оставка од историската комисија...