Севиља и Рома ќе се борат за титулата во Лига Европа

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Екипите на Севилја и Рома на 31-ви мај на „Пушкаш арената“ во Будимпешта ќе се борат за титулата победник во годинешното издание на Лига Европа, што римјаните го заслужија играјќи 0:0 во реванш полуфиналниот натпревар против Баер во Леверкузен, а Андалузијците по продолженија пред своите гледачи го совладаа Јувентус со 2:1.

Фудбалерите на Рома стигнаа до своето прво финале во Европската лига бранејќи го водството од 1:0 од првиот натпревар. Статистиката беше целосно на страната на германскиот тим, кој имаше дури 23 удари кон голот, шест во рамките, но ниту една топка не заврши во мрежата.

Избраниците на Жозе Мурињо имаа само еден удар, па дури и тој беше непрецизен. Така, португалскиот стручњак кој минатата сезона го освои првото издание на Конференциската лига на УЕФА со Рома, ќе има можност првпат во клупската историја да ја освои Лигата на Европа.

За разлика од римјаните, Севилја ќе има можност по петти пат да го освои пехарот, кој андалузискиот тим го освојуваше три години по ред, во 2014 и во 2016-та и повторно во 2020 година, а претходно двапати го освојуваше Купот на УЕФА, во 2006 и 2007 година, кој беше предвесник на Лига Европа.

Севилја спречи италијанско финале во Будимпешта, иако Јувентус се приближи во 65 минута кога Душан Влаховиќ ја затресе мрежата на домаќините на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ само две минути откако влезе во игра. Торинската „Стара дама“ во тој момент имаше и предност од 2:1, по 1:1 од првиот натпревар.

Сепак, избраниците на Масимилијано Алегри беа во финалето само шест минути. Аргентинецот Ерик Ламела влезе во игра во 70 минута, што ќе се покаже како пророчки потег на тренерот на Севилја, Хозе Мендилибар кој неодамна го презема тимот. Веќе во следната минута Ламела асистираше, а Сусо го постигна израмнувачкиот гол со кој Севилја отиде во продолженијата.

Веќе во петтата минута од првото продолжување Ламела на центаршутот на Гил со удар со глава од 11 метри го совлада гостинскиот голман Шчечни и ги постави конечните 2:1, доволно за седмото финале на Севиља во кое ќе се обиде да го одржи стопроцентниот учинок.

Единственото нешто што донекаде им ја расипа оваа победа на Андалузијците беше невнимателно заработеното исклучување на Маркос Акуња во 115 минута, кога холандскиот судија Макели му покажа втор жолт картон поради задржување на играта, па Аргентинецот нема да се бори за составот за финалето против Рома.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...