СДСМ: Фирма блиска до власта за две години добила 74 тендери вредни 17,6 милиони евра

Date:

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, денеска изнесе нови обвинувања за сомнителни тендери и јавни набавки поврзани со една од, како што рече, омилените фирми на власта. Се работи за фирмата „Ленди груп“ за која посочи дека добила 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра во период од две години.

Наглиот раст на склучени договори со посочената фирма, според тврдењата на опозициската партија, започнал во 2024 година, продолжил во 2025 година и трае до денеска.

„Само минатата година се склучени 59 договори, најголем дел од општини раководени од ВМРО-ОКГ. Симптоматично, вредноста на овие договори речиси целосно се поклопува со проценетата вредност на тендерите. Ова е основен сомнеж – индикатор за наместени тендери и јавни набавки“,рече генсекот на СДСМ на денешната прес-конференција.

Димитријевиќ вели дека институциите речиси два месеци молчат во врска со досега изнесените наводи на Антикорупцискиот тим на СДСМ поврзани со сомнителни тендери спроведени од власта.

„Нема пари за поголеми плати, се кратат субвенциите на земјоделците за 40 милиони евра, а зад грбот на народот, едни исти фирми добиваат милионски тендери со милионски суми. 161 тендер за семејната фирма на Томовски, 51 тендер за друга фирма преку општините, сега 74 тендери за трета фирма блиска до власта. За тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ тендерите се како томбола која си ја даваат сами на себе“,додаде Димитријевиќ и ги прозва Обвинителството, ДКСК и Финансиската полиција дека молчат за досега изнесените наводи на СДСМ за сомнителните јавни набавки.

Ова е коментарот што пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, го даде одговарајќи на новинарски прашања во врска со последните обвинувања на СДСМ – дека фирмата „Ленди груп“, за која оценија дека е блиска до власта, добила 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра во период од две години.

„СДС што ги брои овие тендери последните две години, треба да ја прошири пресметката на изминатите години, кога тие биле на власт. И ќе дојдат до заклучок, дека истата оваа фирма, можеби и двојно повеќе тендери има добиено, кога институциите ги управувале СДС заедно со ДУИ. Така што, ова е едно популистичко обвинување. Вакви популистички прес-конференции не се ништо друго, само еден најобичен обид за замајување на јавноста“,изјави Петрушевски.

Антикорупциоскиот тим на СДСМ претходно денеска обвини дека фирмата „Ленди груп“ добила 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра во период од две години. Наглиот раст на склучени договори со посочената фирма, според тврдењата на опозициската партија, започнал во 2024 година, продолжил во 2025 година и трае до денеска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Уште еден одличен резултат за Дарио, второ место на маратонот во Белград

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски оствари одличен резултат на...

Ѓоковиќ урна уште еден рекорд на Федерер

На АТП ранг-листата објавена денес, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ...

Лазањи со тортиљи

Кога ви треба идеја за брз ручек, запомнете го...

ATANAS BLIZNAKOV AND HIS ARRIVAL AND WORK IN THE U.S.A. – PART I (16)

THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV...