СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со „весела“ математика, кој колку пратеници има за уставните измени?

Date:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека 3 пратеници од СДСМ од првата и втората изборна единица не се согласуваат со уставните измени, додавајќи дека и други 6 пратеници од коалицијата кои не се согласуваат со политиките на СДСМ. Од оваа партија велат дека состојбата внатре во СДСМ е тензична а Ковачевски свика групна координација со пратениците на СДСМ за да ги убеди да ги поддржат уставните измени.

Веднаш следеше реакција од СДСМ. Велат дека пребројувањето пратеници е слаба точка на Мицкоски а го повторија ставот дека и во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои не се согласуваат со антиевропскиот став на Мицкоски, и се подготвени да го поддржат секој чекор кон ЕУ.

-Броењето пратеници на Христијан Мицкоски му е многу слаба страна. Тоа го покажал неколку пати досега. Исто како што велеше дека има 61 пратеник за распуштање на Собранието и избори во мај.Очајни се овие обиди на Мицкоски, погрешната математика и штанцањето нови измислици ќе му се вратат како бумеранг многу бргу-велат од СДСМ.

И додека од ВМРО-ДПМНЕ се убедени дека нивните пратеници нема да отстапат ниту милиметар од ставот и нема да гласаат за уставните измени, првиот вицепремиер Артан Груби вели дека има пратеници на ВМРО кои би ги поддржале овие измени. За тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека еден пратеник на ДУИ побарал пари во замена за да гласа, Груби вели дека тоа не е вистина.

-Апсолутно не е вистина. Нема пратеник ниту од ДУИ ниту друг пратеник Албанец во прогресивното парламентарно мнозинство кои ги условува уставните измени за Европска Северна Македонија и мислам дека адресата е на некое друго место, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ-вели Груби.

Груби изјави дека уште денеска почнуваат обидите за обезбедување на потребното мнозинство за вметнување на Бугарите во Уставот, а е убеден дека тоа ќе се постигне, исто како што се постигна и за Преспанскиот договор. Но според Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, Владата постојано зборува за уставните измени, но до сега нема ништо конкретно.

„Демократскиот сојуз го афирмира ставот дека можно е Бугарите да бидат внесени во Уставот, но на реципрочна основа, односно да биде признаено правото на организирање на Македонците во Бугарија.“, велат од Демократски сојуз.

Земјава има рок до есен да ги спроведе уставните измени, со вметнување на Бугарите во Уставот, како услов за продолжување на патот кон ЕУ, во спротивно ќе бидат прекинати преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ѓорческа „тргна“ со победа во Германија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска постигна победа во првото...

„Битка на половите“: Кирјос најави спектакл со најдобрата светска тенисерка

Били Џин Кинг и Боби Ригс го одиграле последниот...

ПСЖ со лекција за Реал Мадрид до место во финалето на Светското клупско првенство 

Европскиот шампион ПСЖ го реши победникот во полуфиналето на...

СОЛУНСКИТЕ БРАЌА СВЕТИ КИРИЛ И СВЕТИ МЕТОДИЈ (21)

ДЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА...