СДСМ: Владата тајно преговара за уставните измени; МНРиНТ: СДСМ пласира груби невистини и конструкции

Date:

Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ и секретар за меѓународна соработка, денеска на прес-конференција изнесе партиски сознанија дека се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог, односно дека постои таен договор на Владата за започнување на преговори со Европската Унија.

„Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз. Исцрпени се буквално сите обиди и лаги коишто претходно се обидуваа луѓето од Владата да ни ги продадат. Се сеќавате, сè започна со некакво одложено дејство, па потоа со специјални услови, па потоа дека ќе имаме, нели, за нас некакви посебни договори и така натаму. Па најновото што го слушнавме од Мицкоски е дека ќе сме влегле во Европската Унија, ама без право на глас. Сето тоа падна во вода и веќе нема простор за нови импровизации…

Се обидуваат да направат стратегија како да го прикажат како победа она што до вчера за нив беше лага и велепредавство.

Ова сакам да ви го објаснам со тоа што сите заедно, и како политичари, и како новинари, и како граѓани, се зачудивме за наглиот пресврт во политиката и дипломатијата на Тимчо Муцунски… За да се подготви теренот уште подлабоко, дојдоа неговите уверувања дека, замислете, протоколот не е дел од преговарачката рамка“,  вели во обраќањето до јавноста Жерновски од СДСМ.

На тврдењата изнесени на прес-конференцијата на СДСМ, веднаш следуваше реакција од МНРиНТ.

„Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Наместо да понесе одговорност и да се извини за штетата што ја нанесе врз националните и надворешнополитичките позиции на државата, СДСМ повторно пласира груби невистини и конструкции. Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста“, се вели во реакцијата од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) на денешната прес-конференција на Андреј Жерновски од СДСМ.

Факт е, се додава, дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, со европските институции, со Бугарија и со другите меѓународни партнери. Овие разговори се водат транспарентно, а позицијата на Владата е јасна и повеќепати јавно потврдена.

„Нема отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата. Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка определба и крајна цел на оваа Влада. Токму тука е суштинската разлика меѓу оваа Влада и СДСМ. Во минатото, договори и компромиси се прифаќаа далеку од очите на јавноста и на штета на националните позиции. Денес, надворешната политика се води одговорно, принципиелно и во согласност со националните интереси и волјата на граѓаните. Транспарентноста и доследната заштита на националните интереси се клучната разлика меѓу оваа и претходната власт“, се посочува во реакцијата.

Се нагласува дека е повеќе од очигледно дека на СДСМ му е поважно преку вакви прес-конференции да им се додворува на одредени политички кругови во соседството отколку да ги брани интересите на сопствената држава и на сопствениот народ.

„Наспроти нивниот неодговорен пристап, Владата и Министерството постапуваат принципиелно и сите одлуки ги носат транспарентно, пред очите на јавноста и во согласност со јасно утврдените државни позиции, се истакнува во ракцијата од МНРиНТ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната,...

Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се...

THE NEW CHURCH “ST. APOSTOL THOMAS” –PART I (19)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN God's...

Брза фритата со зеленчук

Искористете го зеленчукот што го имате во фрижидер и...