Свечен прием во хотел Мериот по повод 30 години од воспоставување дипломатски односи помеѓу Македонија и Комонвелт Австралија

Date:

Министри, амбасадори, почитувани колеги, пријатели на Австралија, добредојдовте од мене и од нашиот долгогодишен почесен конзул во Македонија, Зоран Костовски.

Денес сме овде за да ја одбележиме 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Комoнвелт Австралија и Република Македонија.

Дозволете да истакнам една важна фактичка констатација. Денес ви се обраќам во земја од која потекнуваат многу горди македонски Австралијци.

Според Австралискиот попис од 2021 година, во Австралија има над 111.000 луѓе со македонско потекло. Вистинската бројка веројатно е уште поголема.

Тие се дел од Австралија – земја со повеќе од 27 милиони жители, 14-та по големина економија во светот. Гордa држава со непрекината демократска традиција и отворена економија, дом на најстарата култура во светот – културата на домородните народи.

И кој може да негира дека нашата земја е прекрасна? Тоа ќе го видите во видеото со кадри од цела Австралија, кое ќе го прикажеме веднаш по обраќањата. Ќе бидете воодушевени ако ја посетите Австралија.

Чест ми е да го одбележам 30-годишното јубилејно воспоставување на дипломатските односи меѓу нашите две земји. Би сакала да можев да бидам со вас лично на вечерашната прослава. Веќе три децении нашето пријателство се гради врз нашите заеднички демократски вредности, посветеноста на мирот, стабилноста и просперитетот, како и силата на врските меѓу нашите народи. Во срцето на нашето пријателство е нашата живописна македонско-австралиска заедница, жив мост меѓу нашите две нации што ја збогатува австралиската мултикултурна приказна.

Постојат многу примери за овој придонес. Доктор Ник Митзевич, директорот на Националната галерија на Австралија, кој прави огромна разлика на австралиската уметничка сцена и чии семејни корени се македонски, и секако легендата на австралискиот фудбал Питер Дајкос, горд син на македонски иселеници кој инспирираше генерации на и надвор од фудбалскиот терен.

Исто така ми е драго што нашите дипломатски врски продолжуваат да се зајакнуваат. Во почетокот нa годинава ја имав честа да се сретнам со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски во Канбера за време на неговата посета на Австралија. Разговаравме за силата на нашето трајно партнерство и нашата споделена желба да ги прошириме економските и инвестициските врски, да ги продлабочиме културните врски и да истражиме поблиска соработка во образованието, иновациите и науката.

Затоа, додека славиме 30 години пријателство, со нетрпение го очекуваме следното поглавје од нашите билатерални односи.

Среќна годишнина !

Почитувани членови на Владата на Република Македонија,

Ваша Eкселенцијо, амбасадоре Трасвел,

Почитувани претставници на дипломатскиот кор,

Драги пријатели и гости, дами и господа,

Имам голема чест и задоволство, вечерва, да Ви се обратам и јас во името на Владата, покрај видео обраќањето на министерот Муцунски, на овој пригоден настан по повод одбележувањето 30 години од воспоставувањето дипломатски односи на нашата држава со Комонвелтот Австралија. Во духот на силните меѓучовечки врски и цврстите партнерски односи меѓу нашите две пријателски држави, би сакал да упатам срдечни честитки за јубилејот со надеж дека успешната соработка ќе продолжи да се развива со засилена динамика и во претстојниот период.

Во изминатите три декади, нашите земји уживаа одлични билатерални односи со континуиран политички дијалог, втемелен врз принципот на взаемно почитување и заложби за остварување сестрана и партнерска соработка на долг рок. Посетата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на Австралија во месец февруари оваа година потврди дека Република Македонија високо ги цени односите и соработката со Австралија и гледа голем потенцијал за нивно продлабочување во низа области, во интерес на граѓаните на нашите две држави.

И во годините пред нас, ќе продолжиме со натамошен развој на севкупните билатерални односи и ќе соработуваме по однос на различни прашања од заеднички интерес, како што се регионалната стабилност, безбедноста, трговијата, развојот, човековите права и демократијата. Постојат многубројни други можности за соработка кои чекаат да бидат истражени и развиени за доброто на нашите народи, како културата, образованието, науката и туризмот. Ваквите разновидни области се од суштинско значење за создавање цврсти односи што успешно ја надминуваат географската дистанца.

Би сакал да ја искористам оваа свечена пригода да нагласам дека Комонвелтот Австралија останува важен и витален партнер на Македонија во контекст на надворешната политика. Особено денес во сложената геополитичка реалност, кога целиот свет се соочува со разни безбедносни, економски, климатски и други предизвици, цврсто верувам дека ќе останеме силни партнери, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво

Почитувани гости,

Срдечно Ви благодарам што вечерва ни се придруживте за да го прославиме заедно континуираното пријателство и партнерство што постои меѓу Република Македонија и Комонвелтот Австралија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

MACEDONIAN EMIGRANT MEDIA BEFORE WORLD WAR II (15)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

Шон Пен не дојде да го земе третиот Оскар

 Шон Пен не се појави на доделувањето на Оскарите...

„Форбс“ ги избра најплатените актери и актери: Кој и колку заработи во 2025 година

Холивуд веќе некое време се прашува дали филмските ѕвезди ја...