Светската метеоролошка организација предупредува – Европа се загрева најбрзо во светот!

Date:

Европа треба да се подготви за уште посмртоносни топлиснки бранови, кои се производ на климатските промени, се вели во опсежниот извештај објавен во понеделникот. Додаваат дека Стариот континент, кој се загрева најбрзо во светот, само минатата година бил околу 2,3 Целзиусови степени потопол отколку во прединудстриската доба.

Сушата, рекорно високите температури и досега незапаметеното топење на глечерите се само некои од последиците од климатските промени споменати во извештајот. На европскиот континент, кој од 80-тите години од минатиот век се загрева дупло побрзо од глобалниот просек, минатата година беше забележано најтоплото лето во историјата, а земјите како Фрнација, Холандија, Италија, Португалија, Шпанија и Обединетот Кралство ја забележаат најтоплата година во историјата. .

Во извештајот насловен „Состојбата со климата во Европа 2022“ се вели дека температурите на целиот континент во последните 30 години, односно од 1991 д 2021 година пораснале за 1,5 степени Целзиусови. Големите горештини лани предизвикаа 16.000 смртни случаи во Европа, а поплавите и бурите се одговорни за штета од над 2 милијарди долари, а сето тоа е последица на климатските промени.

За жал, сето тоа не мже да се смета за еднократна појава или да се припише на променливоста на климата, се вели во извептајот. Актуелните сознанија и моменталното разбирање на климатскиот систем, како и неговата еволуција упатуваат на тоа дека ваквите настани се дел од еден репетитивен циклус и дека екстремните топлински стресови ќе станат уште почести и поинтензивни на целиот континент.

На Алпите само во 2022 година се стопил повеќе мраз од глечерите отколку кога било досега. Причината за тоа се малите количини снег, екстремно топлото лето и наслагите од сахарска прашина кои ги носи ветерот. Слична е ситуацијата и со океаните и морињата. Просечната температура на површината на морињата во северниот дел од Атлантикоте највисоката забележана досега. Стапката на загревање на Средоземното, Балтичкото и Црното Море и на јужниот Арктик е трипати поголема од глобалниот просек.

Во најголем дел од Европа имаше помалку од вообичаено врнежи, што влијаеше на земјоделството. Во делови од Франција земјоделците не можеа да ги наводнуваат посевите, а во Шпанија резервите на вода се намалија на половина од капацитетот до јули 2022 година. Во 2022 година бепе евидентирано и второт по големина опожарено подрачје во регионот, при што големи пожари имаше во делови од Франција, Шпанија, Португалија, Словенија и Чешка.

Сушата влијаеше и на производството на енергија, што резултираше со намалена хидроелектрична енергија, но и на производството на некои нуклеарни електрани кои зависат од залихите на вода за ладење на фабриките.

Сепак, во извештајот се споменува еден позитивен знак за во иднина – ветерот и соларната енергија во 2022 година произвеле 22,3% од вкупната енергија во ЕУ и по прв пат го надминаа производството на енергија од фосилни горива.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ Скопје со еден поен ја доби драмата против ТФТ и остана без пораз на теренот во домашното првенство

МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај ТФТ Скопје...

Формула 1 нема да се вози во Бахреин и Саудиска Арабија

Формула 1 донела одлука од безбедносни причини да не...

THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV – PART I (1)

INTRODUCTION BY PROF. ALEKSANDAR ANCHEVSKI PhD. The life of Atanas...

Посни рецепти: Колач со рендани јаболка

Потребни состојки: 3 јаболка, рендани ½ шолја шеќер 1 ќесичка ванилин шеќер 1...