Меси има договор со ПСЖ до 30. јуни, но јасно е дека повеќе нема да остане во Париз. За него тоа е готова работа, сега единствено прашање е во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.
Медиумите објавија дека Меси ја „откачил“ и Барселона, свесен дека каталонскиот клуб не може да му го понуди тоа што го сака, иако Каталонците се уште се надеваат дека врз основа на својата долгогодишна љубов ќе го вратат Аргентинецот дома.
Сепак, медиумите во светот тврдат дека неговиот татко Хорхе Меси ја прифатил понудата на Ал Хилал и дека ќе отпатува за Саудиска Арабија. Им беа понудени чудесни суми кои на братот и таткото на Лео Меси ќе им ја обезбедат највисоката провизија во историјата на овој спорт.
Според информациите, Ал-Хилал на Меси му нуди дури 1,2 милијарди евра за двегодишен договор, односно 600 милиони евра по сезона, секако со провизии, бонуси и се останато што следува.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]