Светотото Преображение ги собра Македонците од Албанија на едно место

Date:

Македонците од повеќе места во Албанија, во селото Ербеле, област Поле односно Долни Дебар, кое се наоѓа во близина на македонската граница кај Дебар, ја продолжија традицијата на одбележување на големиот христијански празник, Преображение, што е патрон на селската црква која во 1970 година албанските власти ја прогласија за споменик на културата. На овој ден Македонците одАлбанија кршат погача со паричка, а најмногу среќа годинава имаше Ирина Попи од Сиричино, тетовско.

Во божјиот храм „Свето Преображение“ кој датира од 12 век, се собраа Македонци од неколку села во областа, потоа оние по потекло од Ербеле, а кои денес живеат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, Тетово, Скопје и други градови.

„Дојдени сме од секаде каде нѐ однела судбината, има дури и од Италија и Грција каде работиме и живееме. Традицијата не ја забораваме, колку и да сме, толку, но доволно да го одбележиме патронот на нашата црква“, рече за МИА, Ернест Постоли чие семејство се грижи за црквата.

Додава дека покрај другото се кршела и погача со паричка, а најсреќна била младата Ирина Попи, чие семејство го презело кумството за наредната година. По потекло се од Ербеле а живеат во Сиричино,Тетово.

„Ноќта спроти празникот во оваа црква доаѓале и доаѓаат не само православни туку и муслимани. Спијат во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ. Голем број луѓе тука го нашле лекот за својата болест, се излекувале“, вели Постоли.

Некогаш во селото имало многу македонски семејства, но се иселиле па денес се две кои постојано живеат тука.

Црквата „Свето Преображение“ во 1970 година албанските власти ја прогласија за споменик на културата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...