Светлана Мојсов, ќерка на македонскиот дипломат Лазар Мојсов и хемичар, заедно со нејзиниот научен тим доби високопрестижна награда од шпанското кралско семејство – Принцезата од Астуриас. Наградата е доделена за научните истражувања со кои се прослави Мојсова околу третманите на дијабетисот.
Наградата шпанското кралско семејство им ја доделува на лица или институции кои низ нивната научна работа покажале големи достигнувања. Мојсова, Дракер, Хабенер и Холст го делат признанието откако го иницираа и развија ова истражување од 1970-тите. Во образложението се наведува дека таа има објавено 41 научни трудови, цитирана е 5032 пати и има h-индекс 28.
Мојсова веќе ја доби наградата VinFuture за иноватори со извонредни достигнувања и наградата Мајстер Грингард од Универзитетот Рокфелер. Заедно со Џоел Ф. Хабенер, Даниел Џ. Дракер и Јенс Јуул Холст, таа е вклучена на листата на магазинот TIME100 највлијателните луѓе во здравството во 2024 година.
Како што е наведено во Статутот на Фондацијата, наградите на Принцезата од Астуриас се
насочени кон наградување на „научната,техничка, културна, општествена и хуманитарна
работа спроведена на меѓународно ниво од поединци, институции или групи на
поединци или институции“.
Наградата на Мојсов ќе и биде врачена во октомври на свечена церемонија со која претседаваат шпанскиот крал и кралицата, придружувани од нивната ќерка Леонор, принцезата од Астурија.
Секоја награда на принцезата од Астурија вклучува скулптура на Хуан Миро, диплома, обележја и парична награда од педесет илјади евра.