Бројни познати личности присуствуваа на забавата во Њујорк, САД, по повод претставувањето на соработката меѓу модниот бренд на Ким Кардашијан – „СКИМС“ и брендот за накит „Сваровски“.
Сосема очекувано, Кардашијан беше главната ѕвезда на вечерта. Таа го привлече вниманието со својата модна комбинација – топ и здолниште, изработени со кристали на „Сваровски“.
Меѓу останатите гости, на забавата присуствуваа и актерките Гвинет Палтроу, Ема Робертс и Фреида Пинто, актерот Били Портер, пејачката Тејана Тејлор, плус-сајз моделот Ешли Греам и моделот Индија Мур.
Во продолжение, погледнете ги нивните спектакуларни креации.