Саудиска Арабија подготвува напад: Цивилите повикани итно да се евакуираат

Date:

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија најави операција против нафтен објект во јеменскиот главен град Сана и ги повика цивилите во таа област итно да се евакуираат.

Бунтовничкото движење Хути одговори со закана дека секој напад врз Сана ќе предизвика жесток одговор во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

Портпаролот на коалицијата, Турки ел Малики, го објави предупредувањето на социјалната мрежа Икс, откако биле регистрирани закани со беспилотни летала во близина на Ријад.

„Наскоро ќе издадеме предупредување до цивилите да се евакуираат од локацијата во Сана, со цел да се спроведе квалитативна операција“, навел Ел Малики.

Сана и поголемиот дел од западен Јемен се под контрола на Хутите, чиј воен портпарол, Јахја Сари, брзо реагираше на најавата за нападот.

„Секој напад врз Сана ќе наиде на жесток и болен одговор во самиот Ријад“, порача Сари преку Телеграм.

Градскиот аеродром во Ријад и неговата околина од почетокот на минатата недела повеќепати биле мета на ракетни напади и напади со беспилотни летала.

Како одговор на најавата на саудиската коалиција, Хутите издадоа сопствено предупредување, повикувајќи ги граѓаните и работниците во Саудиска Арабија итно да се оддалечат од нафтените постројки на компанијата Арамко.

Арамко е саудиска државна нафтена компанија која управува со големи нафтени капацитети и рафинерии во земјата.

Сари предупреди дека Хутите ги сметаат сите рафинерии на Арамко за легитимни цели. Тој порача дека престојот во нивна близина претставува непосредна опасност, без оглед на тоа дали тие објекти биле претходно нападнати.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Струга е нов лидер во ПМФЛ: Малески со мајсторија со глава ја урна Шкендија

Струга Трим Лум го доби дербито против Шкендија со...

Ландо Норис со пол-позиција во Бразил

Ландо Норис ја освои пол-позицијата за Големата награда на...

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ

Нетипично е да има медијатор меѓу земја членка Европската...